Астибо ревијално ја промовираше новата колекција есен-зима 2017/18

1 ноември 2017

Неодамна во Штип, македонската модна куќа Астибо, ревијално ја промовираше својата нова колекција за актуелната сезона, есен-зима 2017/18.

Колекцијата ја носи препознатливата естетика на модната куќа, адаптирана на потребите на современата жена, што резултира со елегантни парчиња облека со претежно женствена линија, иако не е изоставен и спортскиот – кежуал изглед.

Покрај на македонскиот пазар, оваа колекција ќе биде дел и од интернационалната продажна мрежа на Астибо, што ги вклучува и земјите од Балканот: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Косово и Албанија.

„Развојната компонента на брендот Астибо е доверена на стручно квалификуваниот кадар, напорна работа и неуморната енергија која цели кон успех, задоволни клиенти и задоволни купувачи. Страста кон работата и кон креирањето нешто поинакво, единствено, со светски признак, но претпознатлив македонски квалитет, резултираше со нова колекција есен/зима на брендот Астибо", велат од модната куќа.

Објавено:
1 ноември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.627 пати