Австралиската елеганција Тони Матичевски ја донесе во Париз

7 јули 2017

Во рамки на штотуку завршената Недела на висока мода во Париз, врвниот австралиски дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски, ја промовираше својата ресорт 2018 колекција, што воедно беше и негова прва колекција претставена во француската метропола.

Она што секогаш воодушевува во неговиот дизајн, е што во скулптурните и архитектонски форми суптилно ја проткајува женственоста и сето тоа на крај добива димензија на извајана, нослива и елегантна уметност.


Така парижани се соочија со една вредна уметничка приказна на неговото модно шоу.

Секако скулптурните и волуменозни линии повторно се носечки императив, а овој пат инспирирани од хартиените скулптури на современата уметница Ана Вајли Хајфилд.

Ана Вајли Хајфилд - Фото извор: graphics8.nytimes

Луксузните ткаенини декоративно се надоградени со рачно доработувани детали, застапени се флоралните дезени, дигиталните принтови, но и везовите, со што е создаден дизајнерски концепт кој во суштина и не е далеку од она што претставува висока мода.

Тони Матичевски

Фото извор: Yannis Vlamos - Indigitaltv - Vogue

 

Објавено:
7 јули 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
234 пати