Еден од омилените српски дизајнери на младата популација Михано Момоса ја претстави неговата есен/зима 2016./2017. колекција со која повторно ги воодушеви девојките.

Младиот Михаило Анушиќ повторно направи вистинска бајка создавајќи парчиња во пастелни бои сосема во негов стил.

Целата колекција изобилува со парчиња направени од прекрасни материјали, претежно 3Д цветови, но и пердуви, панделки, многу тул и свила.

„Современиот аспект на оваа колекција се секако јакните и панталоните со кои  Михано Момоса порачува дека трендовите не значат одрекување од сопствените вредности, па така овие парчиња се инкорпорирани во колекцијата на суптилен начин. Истите докажуваат дека со техниките на изработка и комбинацијата на материјали се постигнува совршен баланс помеѓу барањата на современиот свет и барањата на жената, на што самиот бренд од своето постоење постојано инсистира“, велат од брендот.

Што се однесува на палетата на бои, младиот дизајнер почнува од нежно бела, па завршува со пастелно розова во која се чини најмногу е вљубен.

Погледнете!

Објавено:
17 февруари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
248 пати