Џорџина Чапман и Керен Крег се дизајнерките кои стојат зад последната колекција на модниот  бренд Маркеза кој се чини ги има најубавите фустани за следната есенска сезона.

Како што навикнавме, брендот повторно претстави раскошни и луксузни изработки кај фустаните направени од магични материјали во уште поубави бои.

Свилата, тантелата и тулот како и секогаш се главните компоненти на секоја нивна модна приказна, па така е и овој пат.

Токму тој нивен исклучителен избор на квалитетни материјали и неодоливи модели прави да се едни од најпосакуваните и најбараните од дамите кои сакаат нешто повеќе.

Во колекцијата се сместени долги асиметрични женствени фустани, потоа такви кои суптилно ги откриваат рамената, покриени со цветни апликации, па сѐ до модели со златни реси и модерни украси кои ќе ги посака секоја една девојка.

Речиси секој модел е изработен фантастично, а сите се соодветни за секоја романтичарка која обожува ваков вид на фустани.

Ова е уште една совршена колекција на брендот во која ќе се заљуби секоја една девојка која сака да изгледа како излезена од некоја бајка. 

Објавено:
14 декември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.159 пати