Балман создаде колекција за восхит

25 јануари 2019

Високата мода е да ѝ се восхитуваш, да те остава без зборови, да те натера да се вљубиш, да ти го покаже најсовршеното лице на модата, бисерот во модната индустрија...

А во суштина тоа е и најголемата провокација за профилираните светски модни креатори.
Елитното друштво дизајнери деновиве во Париз го распосла своето уметничко платно на неделата посветена на Високата мода и ѝ понуди на публиката доживување кое создава нови светови, далеку над „само" материјалното, емоции, чувства, мириси, приказни во кои се испреплетуваат минатото и иднината, реалноста и сништата... Уметност облечена од глава до пети...

Балман под лидерство на Оливие Рустенг создаде токму таква колeкција – за воодушевување, како што ѝ се восхитуваме на совршеноста на бисерот. А токму бисерот беше централната приказна во неговата прва „haute couture" колекција, неговата перфекција, чистина, совршена елеганција... А истите референци може да и ги препишеме и на колекцијата.

Уживајте...

Објавено:
25 јануари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.112 пати