Балман во новата колекција ја проектираше иднината

12 март 2018

Оливие Рустенг сака да размислува пред времето. Новата колекција на Балман прикажана на Модната недела во Париз, е всушност негова модна проекција на иднината.

Сè почнува од изборот на материјали со акцент на оние кои имаат неконвенцнионален предзнак како PVC или мрежа, во метални, неонски бои или прелив на повеќе нијанси, скроени како комбинезони, широки панталони, мини или макси здолништа, блејзери со нагласен струк...

Пистата по која дефилираа моделите на Балман беше трансформирана во временска машина која на момент не носи неколку десетици години понапред во времето, како платформа која ги проектира тенденциите во иднината.

Во визијата на Рустенг, тенденциите од иднината се забавни, разиграни, колоритни, на моменти драматични со потенцирани линии, а на моменти лежерни, удобни наменети за секојдневието од некое идно време...

Погледнете како ќе изгледа модата во иднината...

Фото извор: indigital.tv

 

 

Објавено:
12 март 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
596 пати