Бела летна колекција од H&M

10 јули 2017

Бело, лелеаво, лесно и транспарентно – е за лето. Во овој ноншалантен фазон е и новата „бела" колекција на шведската, „high street" етикета, H&M која секако е наменета за актуелната летна сезона.

Во мини едиторијалот за оваа колекција, сместени се дел од парчињата, помеѓу кои фокусот е ставен на белиот џинс и тоа како „boyfriend" и „skinny jeans" варијанта, комбинирани со маички на прерамки, кошули со карнери и голи рамена.

Целината на комбинациите ја заокружуваат сандалите како модни додатоци во различни модели.

Фото извор: H&M

 

Објавено:
10 јули 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.121 пати
Тагови: 
олекции лето 2017 H&M