Бијонсе ја има единствената божиќна колекција што ви треба

29 ноември 2016

Секоја година за време на празниците сме сведоци на бројни колекции од познатите, а се чини меѓу првите годинава е музичката дива Бијонсе.

По нејзината ултра успешна линија Ivy Park, таа објави нова колекција со слатки новогодишни парчиња украсени со познатите изреки од нејзините песни од последниот албум Lemonade.

Во колекцијата таа смести неодолив црвен блузон со натписот „I sleigh all day“, едноставна бела маичка со новогодишна апликација, тренерки со лимон како принт, маички на тенки прерамки со нејзиниот лик, удобна долна облека, хартија за виткање подароци и што уште не.

Сосема во духот на празниците, Бијонсе се одлучи за неколку бои меѓу кои зелена, црвена, бела и жолта.

За разлика од новогодишните парчиња кои секогаш изгледаат толку исто и здодевно, може да кажеме дека Бијонсе има сосема поинаква и шик колекција која ќе се продаде побрзо одошто мислиме.

Објавено:
29 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
764 пати