Билјана Типсаревиќ ја претставува новата колекција

14 мај 2014

mg_9698

Модната креаторка и сопруга на српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ, Билјана има нова колекција, за која вели дека инспирацијата ја пронашла во италијанската кинематографија.

Како пренесуваат српските медиуми, италијанската кинематографија и нејзините вонвременски филмски ѕвезди со универзална убавина и харизма се инспирација за новата женска cruise колкекција за 2014 година. Ревија за истата ќе се одржи утре.

-Ана Мањани, Моника Вити, Џина Лолобриџида, Клаудија Кардинале, Џулиета Месина, Моника Белучи и чудесната „Лоло“ - Софија Лорен - од редот на отмени, мистични, интригантни, заводливи и сензуални, фатални жени и секс симболи, блескаа не само со својот талент и силната личност, туку и со својата појава, моден вкус и беспрекорен личен стил - вели дизајнерката  на која ова и е четврта ревија по ред.

mg_9567m

Така, за новата колекција насловена како „La Storia di una donna“, може да се рече дека е женствена, деликатна и раскошна, затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна а смела, кокетна и помалку опасна модна визија. Креациите „дишат“ со грациозност и елеганција, па повеќето од нив сигурно ќе најдат примена за црвен килим на некоја манифестација.

-Со веќе усогласениот тим направивме одлични фотографии во преубавиот амбиент на Порто Монтенегро, пренесувајќи дел од инспирацијата низ убавината и сета раскошност на амбиентот каде снимавме, преубавата природа на приморјето... Како и секогаш, секое парче е индивидуализирано, изработено од најквалитетни материјали и на посебен начи ја осликува совршено елегантната дама. Во оваа колекција отстапувам од препознатливиот, најчесто минималистички и сведен колорит. Така, овој пат палетата на бои е разиграна, сончева, летна - од пастелни нијанси на виолетова, преку актуелната бела и блескаво жолта до интензивната корално црвена. На момент, кога ја гледате колекцијата, имате впечаток дека пред вас се ставени сите изгревања и заоѓања на сонцето на италијанската ревиера - објаснува Типсаревиќ.

mg_9984

Освен фустани за дневни и вечерни комбинации, колекцијата содржи и сакоа и шорцеви, како и комбинезони, а новитет се венчалните фустани.

Во продолжение погледете како изгледа фотосесијата, дело на Миодраг Обрадовиќ. Модел- Тамара Милојевиќ

10299969_344573045667856_2768641530723448854_n

10171212_344572565667904_4567031400827233769_n

10371639_344576309000863_4694535596681820633_n

10257748_344587442333083_404101732927219394_n

10264436_344581392333688_7101718985468548401_n

10301519_344571642334663_4193249092744534409_n

10305600_344587972333030_167553096117834818_n

10308296_344580042333823_6144589224040205364_n

10365782_344584792333348_3030054542528947391_n

Biljana-Tipsarevic-La-storia-di-una-donna-foto-2

biljana-tipsarevic-mg_9531m

biljana-tipsarevic-mg_9718m

biljana-tipsarevic-mg_9877

biljana-tipsarevic-mg_9888m

biljana-tipsarevic-mg_9924

mg_9295

mg_9339m

mg_9423m

mg_9725

mg_9951

Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Колекции