Бохо романтика во пролетната колекција на H&M

22 јануари 2019

Оваа пролет H&M ќе ни донесат романтично расположение во нежни, сини и беж тонови, лелеави и лесни кроеви и пријатни материјали...

Бохо стилот преовладува во новата линија што ни најавува женствена и лежерна пролет.

Централен лик во оваа романтична приказна на шведскиот бренд е уметницата и пекарка, Лекси Смит од Њујорк, која е препознатлива по тоа што сака да експериментира во креирањето на нејзините дела. Покрај нејзиниот ументички израз, таа има и впечатлив личен стил, што им послужило како дополнителна инспирација на H&M околку концептот на новата пролетна колекција.

Фото едитријалот е снимен во ателјето на уметницата со што комплетно е доловена атмосферата што владее во пролетната колекција.

 

Објавено:
22 јануари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.050 пати