Бохо вибрации во новата летна колекција на H&M

15 јуни 2016

Шведскиот „high street" бренд H&M веќе неколку сезони создава колекции во кои доминантно е присутен бохо духот на 70-тите години.

И последната летна линија што неодамна ја лансираше брендот, е во романтично расположение, обоена во нежни пастелни тонови и цветни принтови.

Карнерите и „ѕвонестите" ракави како и белата тантела што се задолжителен тренд за оваа сезона, секако се имплементирани во дизајнот на кратките летни фустанчиња, асиметричните здолништа, како и лежерните комбинезони, комбинирани со флорални детали и незибежните цветни венчиња за глава и сламени шешири.

Со оглед на понудата на гигантите во модната индустрија, ова лето повторно ќе биде во знакот на опуштениот бохо стил и модата од 70-тите години.

 

Објавено:
15 јуни 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.280 пати