Брендон Максвел- пролет 2020: Колекција за софистицирани и модерни дами

20 март 2020

Не е тајна дека Брендон Максвел е еден од омилените дијзанери и на актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп, па во колекцијата за актуелната сезона можат да се препознаат и некои комбинации кои таа би ги носела или сме ја гледале во слични.

Воедно, Максвел соработува и со голем број други познати ѕвезди, па од него се очекува да понуди парчиња кои ќе бидат актуелни и прилагодливи за различен тип жени.

Дизајнерот успева да го даде тоа во оваа колекција, но она што ги обединува сите парчиња и комбинации се минимализмот, софистицираноста, трендовски елементи и префинетоста.

Како вели и самиот, неговиот предизвик е да облекува жени кои се дами, па нуди комбинации за различни пригоди и делови од денот.

 Џинс, тесни панталони, широки панталони, фустани, здолништа - кратки и долги, волуменозни, се само дел од она е во понудата, а што со сигурност ќе ви го привлече вниманието, бидејќи се носливи и лесни за комбинација, дури и ако стилот ви отскокнува од понудената естетиика. Нивниот минимализам овозможува да правите надоградба и да ги усогласите на вашиот моден израз.

На крајот, освен за дами, Максвел понуди и неколку комбинации за мажи, кои не се ништо помалку привлечни. Комбинирајќи класика со модни трендови и додавајќи им впечатливи бои, претстави стајлинзи кои привлекуваат внимание.

Погледнете:

Објавено:
20 март 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.422 пати