Брендот „Camila and Marc“ имаат тренди и нослива предесенска колекција

18 јануари 2019

Дизајнерите периодов ги презентираат предесенските колекции за 2019 година, Камила и Марк Фримен, кои творат под брендот што ги носи нивните имиња, направија спој на тренди и носливи парчиња.

Тие создадоа колекција која се состои од комбинации совршени за една модерна жена, активна во текот на целиот ден.

Инспирацијата, како велат, ја црпат токму од актуелностите, технологијата и модерното време.

Колекцијата е составена од пачриња што лесно можат да се вклопат во деловниот стил, но истовремено да бидат дел од кежуал комбинации или оние за вечерни излегувања. 

Плетените парчиња се секако застапени, а впечатлива е и ретро естетиката. Посебно впечатлив е изборот на обувки, металик чизмички до глужд, кои совршено се вклопуваат во модната приказна на дизајнерското дуо.

Во продолжение погледнете ги комбинациите и кажете ни која најмногу ви се допаѓа?

Објавено:
18 јануари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
666 пати