Црно-бела префинетост на Алберта Ферети

6 јули 2018

Има некој посебен шарм во романтиката на Алберта Ферети. Таа истовремено е и ненаметлива, и исклучитлно впечатлива. Нејзините колекции имаат свој континуитет како приказна која одново ви открива возбудливи поглавја.

Овој пат, приказната ја продолжи со нејзината „haute couture" колекција во која суптилниот минимализам го синхорнизираше во еден префинет танц со женствената елегација.

Акцентот е на црно-белата дихотономија, со повремени сребрени и црвени преливи.

Кроевите се симплифицирани, но истовремено раскошни – надополнети со геометриски принтови и реси, како водечки печат на колекцијата. Наметките со комбинирани со панталони и кошули, комбизоните со длабок V израз се луксузна варијанта на оние од периодот на 70-те, а макси фустаните се како создадени за црвениот килим. 

 

Целата колекција во продолжение:

 

Фото извор: Vogue

 

 

Објавено:
6 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
210 пати