Дали златната е новата црна???

14 август 2013

 

Летото кое полека изминува можеме слободно да кажеме дека направи вистински микс и голема револуција кога се модата, стиловите и трендовите во прашање. Побогата сезона одамна не сме имале. Но секогаш постои нешто кое го задржува вниманието покрај океанот полн со избор на креативни изгледи и тенденции. Летната беше уште наречена и златна сезона. Златните нијанси дефинитивно доминираа не само во облеката, туку и на чантите, накитот и обувките. Како што тргнала работата, гледајќи ги колекциите на новите модни линии на дизајнерите за сезоната која ни претстои, златната боја никако не се симнува од приматот најпосакувана. Дали конечно црната го доби својот вистински конкурент?

 

 

Останува да видиме, а во продолжение погледнете ја галеријата која изобилува мозаик од фотографии, затоа каде се можевме да ја видиме златната боја оваа сезона:

 

 

Објавено:
14 август 2013
Категорија: 
Колекции