Еден од најкреативните дизајнери на денешницата, младиот и талентиран Демна Гвасалија создаде нова колекција за Баленсијага која е подеднакво уникатна како и сите останати.

Во новата пред – есенска колекција за брендот, дизајнерот смести за него препознатливи парчиња со кои успеа да се издвои од толпата и за кратко време да биде прогласен како еден од најуникатните.

Сите негови обожавателки во колекцијата ќе најдат фустани и здолништа со супер интересен крој, палта и капути со нагласени рамена, широки кожени блузи, плисирани парчиња, зимски јакни со интересни форми, како и цветни и свилени фустани за различни пригоди.о специфичен и сосема поинаков, дизајнерот ниту овој пат не заборави на елегантните и женствени фустани кои ги комбинира со хеланки и чевли со интересни форми и бои.

Што се однесува до модните додатоци, Гвасалија овој пат претстави впечатливи и ултра високи чизми во јаки бои, чанти со интересни форми и димензии, како и ремени, обетки и цветни марами кои девојките следната сезона ги носат на главата како излезени од ретро филм.

Едни од најспецифичните модни додатоци во целата колекција, покрај високите чизми, се и чантите во форма на триаголник изработени од кожа за кои се вели дека ќе бидат новите ИТ парчиња кои девојките ќе ги обожаваат претстојната сезона.

Во галеријата погоре погледнете ги сите парчиња од колекцијата на Гвасалија за која допрва ќе се раскажува.  

Објавено:
28 април 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
141 пати