Девојки, ова е долната облека во која ќе уживаме оваа есен!

27 август 2014

Омилениот боемски бренд на девојките ширум светот Free People за претстојната есенска сезона создаде вистински романтични задоволства!

Во соработка со калифорнискиот бренд For Love & Lemons, тие ја лансираа ексклузивната колекција на долна облека која што е достапна за сите нивни обожавателки од пред неколку дена.

Лукбукот што е специјално изработен за промоција на колекцијата, како и секогаш е неверојатно нежен и сексапилен.

Боите што доминираат во есенската колекција долна облека на брендот се шармантната бела, црната и темно црвената. Скоро сите парчиња се транспарентни и со нежна тантела, а во истата ќе најдете и фасцинантни свилени наметки, но и топли чорапи над колената и комфорни цветни хеланки.

Во колекцијата се сместени 11 прекрасни парчиња, а истите се презентирани од холандската манекенка Марло Хорст.

Во продолжение во галеријата погледнете ги парчињата, но и видеото во кое се презентирани истите.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Колекции