Модниот бренд „Диор“ вчера ја претстави колекцијата од Висока мода за есен 2018. Марија Кјури сè повеќе дава женственост во креациите, а овој пат нема да згрешиме доколку кажеме дека колекцијата навистина ја слави жената, нејзината софистицираност, нежност, префинетост, женственост.

Некаде дури ќе сретнете дека ја нарекуваат и „кралска колекција“, алудирајќи на тоа дека моделите се како создадени за дамите од кралските семејства.

„Високата мода е нешто сокриено, мистично. Ако одите во ателје, сакате да се погрижите за себе и знаете дека некој ќе се погрижи за вас. Облеката е рефлексија на приватната врска со клиентот, далеку од светот на социјалните мрежи и брзината. Ја имаме големата можност да работиме со различна дефиниција на времето. Занаетот, а со тоа и занаетчиството бара време, долго е... Тоа е сон за иднината“, објаснува Кјури.

Во нејзиното ателје се создадени креации каде доминираат класични силуети. Дел од нив го имаат препознатливото „Диор“ здолниште, но во многу од понудените комбинации може да се препознае естетиката од 50-тите и почетокот на 60-тите. Всушност, ова е само надоврзување, или презентирањето на целата приказна започната во рекламната кампања инспирирана од „Новиот бран“ во Франција. 

Креациите имаат најчесто мат тон, но она што е уште повпечатливо што секоја од нив е адаптирана на тонот на кожата. 

Од костими, преку креации со принтовите, по кои и беше препознатлива претходно во „Валентино“, до еднобојни минималистички креации што ја слават женственоста, оваа колекција нуди сè во што една жена би се чувствувала прекрасно.

Во галеријата погледнете ја целата колекција и споделете ги со нас вашите впечатоци.

 

Објавено:
3 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.677 пати