Диор направи ревија на имотот на Пјер Карден

12 мај 2015

11231022_10153838918874278_3985183174607111625_n

По сè изгледа, дизајнерите за ресорт колекциите 2016 одлучија да се вложат максимално и да нè пренесат во сосема нова димензија. После Карл Лагерфелд и Никола Гескјер, сега и Раф Симонс одбра најновото од Диор да го презентира на необично и футуристичко здание. Се работи за Bubble палатата (односно Le Palais Bulles) во сопственост на 92-годишниот Пјер Карден, кој секако се најде во првите редови на ревијата. Палатата се наоѓа на ревиерата помеѓу Кан и Монако, а гостите доживувањето го опишуваат како единствено.

За разлика од некои претходни, оваа ревија на Раф Симонс за Диор е посмирена, суптилна и нослива.

-Куќата е голема, но интимна. Ова архитектонско здание за мене е изворедно. Зрачи со младост, женственост и разиграност – вели дизајнерот, а токму така може да се опише и колекцијата.

Pierre Cardin Pierre Cardin

Раф Симонс е веќе препознатлив по тоа да посегнува по минатото, па тоа го сретнавме и во оваа колекција. Дизајнерот уфрлил некои тесни кроеви и лелеавите здолништа од препознатливиот Диор new look, прилагодени на потребите на денешните модерни девојки. Исто така, присуството на линиите и структурлните сакоа нè вратија наназад.

-Иако се враќам наназад, не значи дека тоа што го создавам е помалку мое – вели Симонс.

Дека навистина одел на опуштеност и удобност, говорат и плетените фустанчиња, здолништата, мини и миди фустаните, блузите и секако обувките.

Креациите се комбинирани со кожени апостолки, а како нов тренд се наметнуваат и чизмите го глужд со изразен шпиц напред и ременчиња.

Палетата на бои одлично се совпаѓа со околината и погледот од футуристичката палата, во боја на теракота и облик на меурче, од  која моделите излегуваа. Гостите беа сместени пред „куќата“, каде се одвиваше ревијата.

Гостите во прв ред Гостите во прв ред

Секако, меѓу присутните беа и голем број познатли личности, меѓу кои и Мирослава Дума, Дакота Фенинг, Марион Котилард и други.

Во продолжение погледнете ја атмосферата, гостите и секако Ресорт ревијата на Диор за 2016 година.

Објавено:
12 мај 2015
Категорија: 
Колекции