Кога ќе се спомене Калифорнија, првата асоцијација се  Холивуд, гламур, ѕвезди, California Dreamin'... Калифорнија беше инспирација и за Марија Кјури, за ресорт колекцијата, но нејзината друга страна – океан, пустина, планина.

-Сметам дека природниот елемент е многу силен и дека луѓето се одлучуваат да живеат овде поради големиот простор – вели дизајнерката пред почетокот на шоуто, кое се одржа во близина на канјонот Лас Вирхенес во Калабалас.

Веројатно изненадувачки избор за куќата која е позната токму во гламурот. Но, дизајнерката со својот сопруг на 22-годишна возраст имала шанса со автомобил да ја пропатува оваа земја и љубовта трае уште оттогаш, па во тој случај, инспирацијата е јасна.

И парчињата прикажани сосема соодветствуваа на амбиентот. Можеше да се забележи крзно, пердуви, реси, етно мотиви... Кога се боите во прашање, доминираат кафените тонови – односно боите на пустината.

Речиси кај сите креации е забележливо присуството силуета со истакната половина, како и широки миди-здолништа. Главни модни додатоци беа шеширите, нежните чокери и чизмите, што дадоа вестерн нота на целата модна приказна.

Ако ги погледнете подобро креациите, ќе забележите дека е присутен и т.н. тарот принт. Имено, Кјури за колекцијата соработуваше и со Вики Нобле, исцелителка и авторка, позната по нејзините „Motherpeace tarot“ карти, инспирирани од жените, каде сите симболи и фигури се токму женски. Дел од тие фигури се најдоа и на креациите.

-Таа пишува работи што сметам дека се многу важни, од кои жените во минатото се вознемирувале, отколку да ги дефинираат. Вики вели дека мора да почнеме да се дефинираме себеси како што сакаме ние и јас верувам во тоа. Кога ја прочитав книгата и оваа реченица си реков, „Јас морам да ја запознаам“.

На крајот, пораката е дека жените треба да се поврзат со природата, да чувствуваат дека треба да се дотераат на начин што ќе значи забава и разиграност.

Објавено:
12 мај 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
245 пати