„Долче и Габана“ ја има најслатката детска колекција

26 август 2016

Во пресрет на есенската сезона, „Долче и Габана“ не заборавија ниту на најмладите. Создадоа прекрасна колекција за малите принцези и џентлемни, која несомнено ќе ве освои.

Исто така, се потрудија да бидат застапени модели за сите возрасти, па така во галериите подолу ќе имате можност да се воодушевувате на фотографиите со бебиња, оние малку повозрасните, како и оние што веќе се на училиште.

Во колекцијата се застапени неколку стила. За девојчињата подготвија прекрасни фустанчиња со цветни мотиви како и карираните совршени за училишните стајлинзи.

За бебињата пак, има и посебен дел со парчиња со животински принт што совршено им прилегаат.

Кога се момчињата во прашање, модното дуо навистина се потрудило да изгледаат како вистински млаи џентлемни. Од одела, преку сафари и каубојски стил, џинс до лежерни комбинации и пижамчиња, колекцијата содржи сѐ што едно момче може да посака од облека за секоја пригода.

Со оглед на тоа дека фотографиите кажуваат сѐ, ве оставаме во продолжение да ги погледнете двете галерии и да се уверите дека ова е најслатката детска колекција што доаѓа од познатиот бренд:

За девојчиња:

За момчиња:

Објавено:
26 август 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.174 пати