Единствените Долче и Габана направија прекрасна колекција целосно посветена на жените муслиманки, преполна со уникатни парчиња меѓу кои и марами и долги фустани.

Сите парчиња од колекцијата неодоливо потсетуваат на стилот на Долче и Габана, овој пат во малку поинакво издание.

Во истата ќе најдете парчиња во претежно црно – бели нијанси со рачно везени детали како цветови, точки и разни други дезени.

Како и секогаш, колекцијата е изработена од високо квалитетни материјали меѓу кои и прекрасна свила, романтична тантела и други нежни материјали од кои се изработени марамите.

Покрај уникатните парчиња, во колекцијата се сместени и луксузни чанти, очила за сонце препознатливи за дизајнерското дуо, но и накит во претежно златни нијанси.

Колекцијата ќе може да се најде во продавниците на брендот во Париз, Милано, Лондон, Минхен и земјите од Средниот Исток. 

Објавено:
11 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.641 пати