Донатела Версаче за новата колекција: Несовршеното е новото совршено

23 февруари 2019

Во време на опсесија со совршеното, како продукт на илузијата за перфектното со која не хипнотизираат новите дигитални платформи и апликации, предизвик е да се покажеш реално несовршен.

Со оваа стратегија Донатела Версаче тргна во нова мисија – да креира совршено несовршена колекција.

И еве го резултатот на Миланската модна недела.

Во основата на својата линија за есен-зима 2019 таа го постави животниот стил инициран од гранџ музиката, правец популаризиран во 90-те години.

Со промената на сопственичката постава на Версаче, се промени и таргетот – сега Версаче алудира на помлада публика, кај која е популарна естетиката на 90-те.

Во тој контекст, Донатела направи ретро микс со модерен призвук – еклектична колекција во која стави акцент на спојот на неспоивото.

Фото: Vogue.com

 

Објавено:
23 февруари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
637 пати