Допрете до природата со колекцијата дуксери на Ind Og

24 ноември 2014

Насловот на колекцијата е „Во шумата“, а тематиката е отсликана со племенските мотиви на самите дуксери, кои се во црна и црвена боја. Дизајнерот инспирацијата од шумските животни ја преточува во капсулна колекција, продолжение на претходните колекции, во кои се слави убавината на животот. Црвените дуксери на предниот дел имаат апликација од елен, а црната варијанта од овој модел е во кратка и долга волуменозна верзија.  Дуксерите се совршен модел за престојната зимска сезона и за сите оние кои го негуваат спортскиот стил. Фотографиите се дело на Жарко Чулиќ, за шминка и фризура се погрижи Јелкица Поповска, а како модели беа ангажирани  Марија и Ики.

Објавено:
24 ноември 2014
Категорија: 
Колекции