Древниот Египет го мотивираше Лагерфелд за новата колекција на Шанел

6 декември 2018

Карл Лагерфелд отпатува пред нашата ера, во мистичниот раскош на Древниот Египет, за да се инспирира за новата тема на Métiers d'Art колекција на Шанел.

За доживувањето на колекцијата да биде уште поавтентично, Лагерфелд модното шоу го постави во Метрополитен музејот во Њујорк покрај столбовите на храмот Дендур, еден од култните египетски артефакти. Шанел е вториот луксузен бренд што организирал модна ревија во музејот Метрополитен (Валентино беше прв со модно шоу во раните 80-ти години).

Францускиот бренд во својата модернизирана верзија на античкото доба на Египет, направи спој на референците што ја симболизираат древната египетска историја со современата естетика препознатлива за модната етикета.

Резултатот од симбиозата е егзотична златна линија, декорирана со масивен накит со симболи што упатуваат на добата на хиероглифите.

Шминката игра значајна улога во комплетното доживување на колекцијата, како современа реплика на препознатливиот мејкап на Клеопатра.

Меѓу моделите на писта се појавија и популарни ѕвезди како Фарел Влијамс и Каја Гербер, со што Карл Лагерфелд заокружи уште едно во низата фантастични модни шоуа.

Извор: Elle, Vogue, Getty images

Објавено:
6 декември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
458 пати