„Џипси“ магија во колекцијата на Dsquared²

15 декември 2014

Пред – есенската колекција на Dsquared² е спој на две култури – ромската и руската, со акцент ставен на бордо нијансата и црната боја. Модниот бренд секогаш знае да изненади со интересен концепт, па така и овој пат суштината на двете култури ја спои преку фолклорните елементи, додавајќи го цветниот принт, кој е актуелен буквално кај сите колекции на модните куќи, ресите и карираниот принт.

Колекцијата вклучува асиметрични здолништа, фустани со набори, кожени јакни и панталони со должина до под колената, волуменозни капути и две свечени тоалети и тоа во црна и кралско сина нијанса. Пред – есенската колекција за 2015 година исто така е богата и со избор на модни додатоци како што се чантите во различна големина и форма, тенките ремени, сандали на висока потпетица и шапки.

Објавено:
15 декември 2014
Категорија: 
Колекции