Најновата ресорт колекција на брендот „Оскар де ла Рента“ за 2017 година изобилува со принтови и шарелино.

Питер Копинг се потрудил да строгата форма карактеристична за модната куќа и силните бои да ги надополни и разигра со принтови и тоа од глава до петици.

Самиот дизајнер ја опишува колекцијата еклектична, користејќи ткаенини од архивата на брендот.

-Долго време стојат неискористени, а покриваат многу основи – вели Копинг.

Не бегајќи претерано од женствената естетика препознатлива за „Оскар де ла Рента“, тој прави парчиња од твид, и ги спојува во иста колекција со коктел фустани и долги тоалети, каде се застапени карнерите и тантелата.

Дел од парчињата можеби ќе ве асоцираат по малку на она што сме навикнале да го гледаме од модната куќа „Валентино“, но во секој случај нема да можете да кажете дека не е нешто што жена која држи до женственост, романтичност и врвна естетика, нема да го посака.

Објавено:
23 мај 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
980 пати