Ексклузивна празнична линија со потписот на Елена Лука

28 ноември 2016

Во пресрет на празничните денови, македонската модна куќа Елена Лука креираше специјализирана линија свечени креации што ги дефинира автентичната дизајнерска естетика на брендот.

Женствената силуета, дозираниот сексапил, уникатниот дизајнерски пристап во создавањето на креациите, како и совршениот спој на текстури и материјали, се носечкиот императив на оваа специјализирана свечена колекција.

Линијата ја сочинуваат екстравагантни макси тоалети во интензивни бои изработени од лелеави и фини материјали, но и такви со подраматичен стилски израз, изработени од кадифе финиширано со композиција од украсни камења. Исто така, во колекцијата се застапени и романтични тоалети во чиј дизајн акцентот е ставен на впечатливата тантела, како и фустани со должина до и над колена со светкави детали.

Свечените изгледи совршено се надополнуваат со женствени капути со средна должина или пак со сакоа изработени од кадифе во различни бои.

 

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.454 пати