Ексклузивно: Пролетните колекции на Fashion & Friends сега и во Скопје!

12 март 2015

Колекциите за пролет/лето 2015 пристигнаа во мулти бренд концептот Fashion&Friends. Секоја колекција засебно носи нова свежина и линија карактеристична за сезонава, притоа задржувајќи ја препознатливоста и карактерот што ги одвојуваат од останатите. Во продолжение, дознајте ги деталите за сите колекции на брендот и погледнете ги одличните парчиња.

Replay

Субкултурата и бунтовничкиот дух на 50-тите и 60-тите години се основа врз која дизајнерите ја создале женската колекција на Replay, во која очигледно доминантен е шармот на андерграунд движењето.

riplej

 

Колекцијата престатвува мешавина од ретро влијание и современ шик изглед, претставен преку комбинација на парчиња со висок струк, здолништа до колена, женствени фустани кои добиваат нова перспектива кога се носат со бомбер или моторџиски јакни или спортски блузони. Материјалите кои доминираат се жоржет, тул, тантела поставени наспроти кожа и џинс, додека пак од боите присутни се пастелните тонови и цветните дезени во комбинација со потемни нијанси како сива, темно сина и црна.

riplej kolaz zenski 2

И во машката колекцијасе забележува влијанието на бунтовничкиот дух и трките со автомобили специфични за 50-тите години, претставени преку употребата на тексас и кожа, дополнети со избледен ефект на боите и сурферски изглед типичен за плажите на јужна Калифорнија.

kolaz 1 replay

Како кај женскиот дел од колекцијата така и овде, ретро елементите се спојуваат со модерната технологија што резултира во импресивна линија на палта, маици, панталони, бермуди, моторџиски јакни и тексас кошули во темни нијанси, избледено црвено, зелено и портокалово.

kolaz 2 replay

Guess jeans

Колекцијата на Guess jeans за пролет/лето 2015 претставува враќање кон корените на брендот и неговото родно место – Лос Анџелес, па така моделите се инспирирани од единствената еклектична естетика на градот претставена низ три клучни зборови – БРЗИ, МЛАДИ, СЛОБОДНИ.

guess kolaz 1

“Chateau GUESS” е линија која го рефлектира импулсивниот и гламурозен начин на живот препознатлив за улицита на Лос Анџелес. Спортскиот стајлинг е разигрансо атрактивните и секси модели како искинати фармерки и кратки јакни и блузи.

Линијата “Sunset Trip” го претставува младешкиот начин на живот на Холивуд. Инспириран од неонските светла на пространите авении, овој дел од линијата нè води на патување каде доминираат неонските розови и виолетови нијанси, интергрирани во комбинации со корсети, мини фустани и фармерки со низок струк.

“Hollywood & Vine” зрачи со позитивна енергија изразена преку зашеметувачка фузија на бои кои се избалансирани со природни бои како светло зелената. Принтовите се присутни и се инспирирани од егзотичната природа. Тантелата, тулот и нежните материјали му даваат особена деликатност на овој дел од колецијата.

Guess Power Curvy

“Guess Power Curvy” е новитет од Guess jeans, иновативен модел на фармерки кој се припива до телото како “втора кожа” и ја дефинира женската силуета. Благодарение на таканаречената “fitswell” конструкција, фармерките ги задржуваат цврстина и обликот во текот на целиот ден, го истенчуваат телото и имаат “push-up” ефект, притоа овозможувајќи чувство на удобност.Линијата “Guess Power Curvy” eдостапна во форма на моделите: jegging, skinny low и skinny mid.

guess power curvu kolaz

Marciano Guess

И колекцијата на Guess by Marciano наоѓа инспирација оваа сезона во Градот на Ангелите, неговата ексцентричност, раздвиженост и релаксирана елеганција. Во линијата “LA Confidential” 70-тите се дополнителна инспирација за колекцијата, која изобилува со геометриски принтови во црно-бела комбинација, но бои како розона, виолетова, жолта и сива. Материјалите се природни, со или без текстура, а пристуно е и драпирањето. Јакните и мантилите даваат строга и сигурна, но во исто време и секси линија на женската силуета.

Делот од колекцијата посветен на ноќните излегувања, гламурозните забави и раскошот е претставен преку линијата “La Noir”која содржи облека за храбри и самоуверени девојки, волуменозни модели, проѕирни и шик елементи. Палетата на бои ја сочинуваат црната, белата и сивата во контраст со летната корална боја и цветните принтови.

Летниот дел од колекцијата на Guess by Marciano е инспириран од Палм Спрингс во доцните 60-ти и раните 70-ти години. Принтовите кои доминираат се егзотични, а материјалите богати и дополнети со ласерски исечени детали, метални апликации иукрасни камчиња.

Scotch & Soda

Рок’енд’ролот се среќава со песочниот брег, елегантниот господин се спојува со сурферот, а културите од Африка до Америка стануваат целина во новата колекција на Scotch&Soda. Духот на сезоната е понесен од констрастите и спојувањето на впечатливи принтови, кои му даваат на изгледот разиграност, леснотија и ретро чувство. Блејзерите со строг крој се комбинираат со шорцеви, а таканаречениот “хибискус” дезен се среќава со точките. Од модните додатоци присутни се платнените чевли и шешири кои даваат дополнителна свежина во жешките, летни месеци.

Maison Scotch (Le Femme Selon Marie)

Оваа сезона Maison Scotch нè води на патување преку дивиот пејсаж на Америка, пастелниот хоризонт на Мајами Бич, песочните дини на Сахара и мирните води во троспките краишта.

kolaz maison scotch

Расположението асоцира на слобода, релаксирани силуети и природни материјали во колекција која нуди јакни, фустани, тенки панталони, интересни шорцеви, па дури и бикини за првпат оваасезона. Принтовите изобилуваат со нови опции како цветови, геометриски решенија, животински принт и риги. Ова лето е за храбрите, за оние кои сакаат неочекувани комбинации и се забавуваат со модата.

kolaz 1 maison scotch

Desiqual

Колекцијата за пролет/лето 2015 на Desigualнаречена “Say Something Nice” oстанува достојна на досегашниот позитивен и безгрижен карактер на брендот, оваа сезона со забележливо интернационално влијание во форма на риги инспирирани од Медитеранот помешани со тропски цветови, мексикански мотиви, Хавајски цветови во боите на виножитото....

desiqual

Колекцијата ја сочинуваат мантили со принтови, комбинизони без ракави, кратки јакни во комплет со шорцеви, фустани со различна должина и форма, итн. Материјалите од кои се изработени овие впечатливи и уникатни парчиња се шифон, свила, жакард, тул и сатен, а се разбира дополнети се со додатови како чевли со платформа со јаки бои, чанти, марами и доминантни обетки.

kolaz desiqual 1

Diesel

Уште една колекција инспирирана од духот на Амрика и лежерноста на која тој асоцира. Оваа сезона, типично за Diesel, тексасот како материјал е и засебен концепт кој се сплотува со рок’eнд’рол лежерност и еклектика.

diesel kolaz zenski

“Бев инспириран од слободата на Калифорнија и патувањето низ неа – од брегот, преку пустините и американските автопати. Оваа колекција е еден вид на спортска верзија на препознатливите парчиња на Diesel”, вели креативниот директор на брендот Никола Формикети.

diesel kolaz maski

Особен акцент е ставен на силуетата која е издолжена и тенка, но сепак релаксирана. Моделите потсетуваат на стилот на 90-тите и трките со мотори, спортските елементи се во комбинација со кожени или колеџ јакни, а тексасот е присутен насекаде, во сите нијанси и со безброј различни обработки. Неизбежни се и кошулите и блејзерите за доза на елеганција во сета оваа лежерност, па така во комбинација со палетата на бои и дезени, како светло сина, бела, тутунова, кафена се добива вистинско винтиџ чувство.

diesel maski farmerki kolaz

Кај женскиот дел од колекцијата има дел кој е инспириан од фотографиите на Дејвид Хамилтон во кои доминира девојчинската невиност изразена преку блузи и фустани од тантела кои се среќаваат и во колекцијата пролет/лето 2015 на Diesel.

diesel farmerki zenski kolaz

Целосниот ефект се заокружува со модните додатоци во препознатливиот стил на брендот –секогаш бунтовен, иновативен и модерен.

Објавено:
12 март 2015
Категорија: 
Колекции