Експериментален техно стил во пред-зимската колекција на Баленсијага

13 јануари 2014

Во очекување на презентацијата на зимските колекции на големите брендови за 2014/15 година, Баленсијага во својата пред-зимска колекција експериментираше со  техно стилот. Александар Ванг во футуристичка форма го спои ретро-волуменеозниот изглед и современиот „дигитален“ спортски дух на младата генерација.

Твид во симбиоза со кожени елементи, „бумбарести“ блузони со нагласени рамена комбинирани со тесни панталони со остри рабови, строги линии и метални тонови. Андрогената колекција на Ванг носи авангарден израз паралелен со современото животно темпо.

 

 

 

Објавено:
13 јануари 2014
Категорија: 
Колекции