Еден од најпознатите брендови на групацијата Индитекс „Uterque“ има нова, совршена празнична колекција полна кул парчиња.

Во едиторијалот преку кој ја презентира колекцијата, брендот нуди совршено нежни парчиња за секоја пригода, почнувајќи од малку поинакви комбинации за на работа, совршени парчиња за состанок и впечатливи модели за новогодишната ноќ и празниците.

Дел од колекцијата е  металик и златната нијанса кај материјалите, тантелата, карнерите и класичната црна боја како една од најпосакуваните и најбараните во празничната сезона.

Брендот нуди неодоливи црни комбинезони кои се секогаш добар избор за свечените пригоди, фантастичен црн фустан до под колената изработен од магичен брокат комбиниран со златни чизмички, потоа свилени панталони со висок струк во комбинација со впечатливо елече како и кошули и панталони изработени од прекрасен материјал.

Цените на парчињата од брендот се за нијанса поскапи од оние во Масимо Дути, но секако сето тоа е оправдано со внимателниот избор на материјали и модели.

За оваа празнична сезона „Uterque“ предлага и впечатливи обетки и чевли кои совршено ќе се вклопат во магијата на празниците.

Објавено:
22 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
394 пати