Стилот е личен избор и е визуелен одраз на нашата внатрешна состојба. Ако го имаш чувството за естетика, тогаш годините не се фактор. Но, секогаш е бенефит кога и модните куќи, брендови и општо модната индустрија ќе понудат уште повеќе можности и ќе го прошират изборот за жените во различна доба од својот живот. Модата не ги игнорира жените од различни возрасти, напротив се повеќе се фокусира на генерациски различни таргет групи. Благодарение на ова, се побогата е понудата за жените во нивните 50-ти години.

Основното правило е: ништо прекратко, претесно или преоткриено . Туку наместо тоа: балансирано, елегантно и безвременско.

Следејќи ги овие принципи, во продолжение посочуваме неколку инспиративни стајлинзи за жените во нивните 50-ти години. Направен е микс помеѓу трендовски парчиња, безвременски форми и женствени детали.

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
969 пати