Ели Сааб Ресорт 2020: Креации за сите пригоди

24 јуни 2019

Либанскиот дизајнер Ели Сааб неодамна ја презентираше Ресорт колекцијата за 2020 година. Либанскиот дизајнер по тој повод направи мини едиторијал во Картагина.

Всушност, прави микс од фотографии - на дел од нив се гледа древната убавина на градот, додека другите се студиски. Како и да е, на секоја од нив се гледаат креации каде Сааб ја претставува модерната жена и неговата замисла како таа треба да изгледа.

Со макси фустани со принт, кои слободно се лелеат и пружаат чувство на слобода, комбинезони, креации со нагласени ракави, но и оние со свечена нота, во актуелните бои како жолтата, сината и беж, каде женственоста доминира, тој нуди решение како да биде дотерана жената за сите пригоди.

Ова е неговата водечка мисла веќе неколку колекции наназад, а со поедноставениот избор, каде тешката тантела веќе не е доминантна, туку предност се дава на префинетите материјали, едноставноста и убавите принтови, тој се доближи и до младата публика.

И да, тантелата и овој пат е присутна, но во еден сосема нов контекст кој подразбира леснотија на носење и движење, а сепак со нота на луксуз.

 

Погледнете:

Објавено:
24 јуни 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.678 пати