Есенската „Муза“ на Мите Занов

14 декември 2016

Младиот дизајнер Мите Занов ја презентира својата нова колекција „Муза“, за сезона есен-зима 2016/17.

Колекцијата е создадена и инспирирана од вечната инспирација во уметноста – женското тело, неисцрпна тема подложна за безброј варијации во приказот и субјективно поимање кај секој автор.

-Жената е опеана во стихови, извајана во мермер, опишувана во приказни и секако најотсликувана тема во историјата на сликарството. Убавината на женското тело не оставила рамнодушен ниеден естета кој трага по идеалните форми, линии и бои. Жената отсекогаш била единствена, неповторлива, магична и божествена! Божествена затоа што во себе ги носи најубавите допири, убавина, благост и милина. Совршена убавина, гордост, сензуалност, нежност и грациозност, се главните карактеристики на жената која ме водеше да ја создадам оваа колекција, насловена како „Муза“, затоа што тоа за мене претставува жената, муза и непресушна инспирација - вели дизајнерот.

Дизајн : ZANOV
Фотографија : Никола Илиевски
Модел : Атанасова Весна
Коса : Мите Занов
Шминка : Елена Андовска 

Објавено:
14 декември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
896 пати