Есенски комбинации од Манго што ќе ги обожавате

4 септември 2018

На прагот од септември, месецот кога всушност и се најавува новата есенска сезона, Манго претстави нова колекција.

За претстојната сезона најавуваат поместување во дизајнот – уште поголемо придвижување кон современата естетика, но од друга страна создавање парчиња што ќе го носат предзнакот безвременост.

Она што секако можете да го забележите од фотографиите е влијанието од на 70-тите, ерата по која многу светски дизајнери посегнуваат веќе сезони наназад и ја наоѓаат инспирацијата.

Инаку, новата колекција е пропратена и со нова кампања за есен/зима 2018, а зад која се потпишува познатиот фотограф Марио Соренти. Тој го рефлектира личното видување и ги лови интимните секојдневни моменти на протагонистите.

Целта е да се отслика врската што тој ја има со различни луѓе (по различни параметри), како и врската што тие, а и тој самиот, ја имаат со „Манго“. Кампањата е обединета под името „Заедништво“, алудирајќи на тоа дека сите сме дел од големото семејство на „Манго“.

Имајќи го сето ова на ум, тој во кампањата ќе ги вклучи и своите деца, неговата сестра Ванина, едната ќерка со сопругот. Покрај роднинските членови, во кампањата се појавува и амбасадорот на машката колекција, Адриан Броди во друштво на своето куче, како и Адвоа Абоа, една од најпознатите модели и активистки во модниот свет, заедно со нејзината сестра и братучетка. Амбер Валета и Каролин Марфи се исто така дел од досега веројатно најбројната кампања на брендот, како и скејт легендата Стив Олсон и неговиот син Алекс, уметницата Ленгли Фокс и познатите стилистки Зое Бадо и Хелена Техедор.

Како што може да се забележи и од кастингот на кампањата, се става акцент на различноста во општеството, но и генерално различноста во повеќе нејзини значења и сегменти, а од друга страна, спојувањето на тие различности преку „Манго“ и врската што сите ја имаат со овој бренд.

Имајќи го предвид и фактот дека секој од нас негува различен стил и различно пристапува кон тоа што модата треба да претставува и како треба да се изгледа, „Манго“ имајќи го сето тоа на ум, создаде колекција со парчиња во кои секој би можел да се пронајде – од оние што ја негуваат едноставноста и минимализмот, до љубителите на еклектизмот како моден израз.

Во продолжение, а инспирирани од оваа кампања, ви презентираме есенски комбинации од „Манго“, односно есенски тенденции, кои сигурни сме ќе ги обожавате:

 

Пастелни тонови+сјај

Една од првите асоцијации на споменатите 70-ти се секако пастелните тонови. Во новата есенска колекција на „Манго“ се совршено усогласени со основни парчиња, како бели маички или кошули, но и парчиња со сјај. Сигурни сме дека ова сјајно здолниште ќе го привлече вниманието на бројни дами, а со оваа комбинација, „Манго“ во новата сезона покажуваат отвореност кон комбинирање и на различни текстури, а не само бои или принтови.

 

Виолетови и розови тонови

Женските одела со машки крој се сè уште задолжително парче за сите дами што сакаат да ја искажат својата моќ и доминантност. Освен во пастелни тонови, оваа есен доаѓаат и во виолетови, односно во боја на вино, која совршено се вклопува во есенската атмосфера. Од друга страна, свиленкастите фустани со принт во розови нијанси се за деновите кога се чувствувате нежно и женствено. А кога веќе ги споменавме ткаенините со текстура, сомотот повторно се враќа на голема врата, а и оваа колекција е показател за тоа.

 

Топли црвени и портокалови нијанси

Наспроти студените тонови што досега имавте можност да ги видите, се парчињата во топли нијанси – црвени, корални и портокалови нијанси. Доколку сте од оние што ја сакаат есента токму поради доминацијата на овие бои, сигурни сме дека ќе го најдете вашиот фаворит – дали тоа ќе биде џемпер, долг кошула-фустан, здолниште или обувки, чанта, изборот е ваш!

 

Животински принт во било која варијанта

Да, уште една асоцијација на 70-тите е еклектичноста, а во тој контекст и животинскиот принт кој можеше речиси со сè да се комбинира. И оваа есен нема ограничувања, можете да го носите како сакате. Можете да одберете некој мантил во овој стил, или пак чизми. „Манго“ предлага да избегате од познатите нијанси и животинскиот принт да го носите во некоја впечатлива боја.

 

Џинс+плетенини се секогаш добра идеја

Џинсот оваа есен во „Манго“ добива порафиниран изглед. Ретро нотата се забележува во кроевите, но и текстурата е нешто што ќе ве привлече. Во комбинација со топол џемпер, карирани јакни од букле или волна, ќе го доловат посакуваниот ефект на топла есен - и однадвор, а и одвнатре.

 

Безвременските кафени и бели парчиња

За крај, за есен секогаш се очекуваат кафени парчиња, а застапени се и овој пат. Во еднобојна варијанта или во комбинација со некој принт, тие се едноставно безвременски. Како и белите парчиња, кои не само што се основа во комбинирањето, туку се и рана најава на зимската сезона, која секако носи своја убавина и уште мноштво модни комбинации.

 

На крајот, погледнете дел парчињата од есенската колекција, вклучително со модните додатоци, без кои, ниту еден стајлинг нема да е комплетен. 

 

 

Која е вашата омилена комбинација?

 

*спонзорирана објава

Објавено:
4 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.321 пати