Познатиот high street бренд Манго конечно го објави есенскиот едиторијал во кој како што и очекувавме, се најдоа неверојатно стилски парчиња кои ќе ја одбележат есента.

Дел од нивната нова колекција претставена преку едноставен лукбук, се фантастични плетени џемпери во кои ќе сакате да ги поминете студените денови, ѕвон фармерки, ретро кошулки со високи јаки, шик крзнени јакни, но и неверојатни чевли кои ги обожаваме.

Речиси целата колекција е во ретро духот на 70 – тите, па во тој стил е и самиот едиторијал во кој девојките носат и интересни очила, а изгледаат и толку свежо и нежно со минимална и природна шминка и фризура.

Она што остави посебен впечаток во целата колекција се и женските костими со пепито дезен кој е совршен за зимските студени денови кои се пред нас.

Што се однесува до комбинациите, тимот дизајнери есенва комбинира тексас јакни со дебели палта одозгора, волнени џемпери со нежни блузички одоздола, куси пепито панталони со долги сиви капути и уште многу други интересни комбинации кои ги гледате во галеријата погоре.

Објавено:
15 септември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.727 пати