Во тек е модната недела во Лондон за пролет 2018, но сепак, дел од дизајнерите и модните куќи ги претставуваат актуелните есенски колекции, по принципот see now-buy now. Таков е случајот и со „Барбери“.

Кристофер Бејли очигледно по напуштањето на директорската функција, ја ослободил сета креативна енергија, па новата колекција изобилува со многу боја, принтови и динамика.

Со тоа се гледа и намерата брендот да се приближи кон помладата популација. Еклектичниот стил во комбинација со „Барбери“ класиката – препознатливиот мантил и карираниот дизајн е комбинацијата на која Бејли и брендот типуваат оваа есен.

Исто така, изобилуваат плетенините во свежи бои и слоевитоста, односно комбинирањето на нежни и „тешки“ парчиња, што „Барбери“ секогаш успешно го прави.

Објавено:
20 септември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
278 пати