Еве што предлага Calzedonia за оваа пролет

10 март 2014

SHOT_13_188

Италијанскиот бренд Calzedonia останува доследен на својот стил. Иако можеби нема големи промени, сепак и новите модели на хулахопки и хеланки ќе го привлечат вниманието на жените.

Жените особено го засакаа овој бренд во последните неколку сезони и тоа поради пуш ап хеланките кои совршено го формираат обликот на нозете и задникот. Оваа пролетна колекција има неколку интересни модели на хеланки кои се имитација на тесните фармерки, па дури и кожените панталони.

Но и покрај тоа трендовско расположение Calzedonia приматот го става на хулахопките со различни дезени, како и чорапи со различни должини и бои.

SHOT_08_019

Новите модели ќе ги претстави повторно американскиот модел Емили ДиДонато. Таа се покажа како добар избор  за претходната, есенска колекција, па од куќата одлучија повторно да ја ангажираат бидејќи таа успева да ја нагласи женственоста, но и сексапилот - доминантните карактеристики на производите на Calzedonia.

Моделите се наменети за оние со различни вкусови, но уште поважно и за различните типови на градба, па оттаму и хеланки со понизок и повисок струк, хулахопки во различни дебелини, со различни функции... во понудата.

Во продолжение погледнете ја колекцијата за пролет-лето 2014 година и споделете ги вашите впечатоци со нас.

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Колекции