Фантастична пред-зимска колекција на Бурбери за 2014

26 ноември 2013

Во пред-зимската колекција на Бурбери за 2014 година, Кристофер Бејли посветил особено внимание на тоалетите: со макси должина изработени од чипка, здолништа до под колената изработени од дезенирани материјали, но и сексапилни тоалети со нагласено деколте.

Фантазијата и креативноста на дизајнерот се чувствуваат и во топлите, предимензионирани капути и волуменозните крзнени бунди. Раскошот од бои со впечатливи принотви особено е доминантен кај пенкало-здолништата.

Иако на прв поглед оваа колекција изгледа доста строго и сериозно, сепак таквиот впечаток се разбива со спортските маици со урбани принтови кои одлично се вклопуваат во овој фазон.

 

Објавено:
26 ноември 2013
Категорија: 
Колекции