Фантазија во сите облици – прекрасна „plus size“ колекција од Елена Лука

25 март 2019

Убавината доаѓа во сите облици – различноста го прави светот шарен, возбудлив, разигран... Во модниот свет токму инклузијата на различностите е пораката на која ѝ се оддава најголема важност, особено во последно време.

Модната куќа Елена Лука секогаш внимавала на тој сегмент и во контекст на својата работа секогаш става акцент токму на инклузијата.

Новата капсулна „plus size" колекција од македонскиот моден бренд Елена Лука е уште едно совршено надоврзување на приказната која ги сплотува убавините во сите облици.

„ More4More" со себе ја носи сензуланоста на секоја жена, нејзиниот изграден карактер, став, индивидуален пристап, енергичен животен стил...

Секое дизајнерско парче ја рефлектира есенцијата на женственоста преку уникатниот пристап во создавањето на целината. Во таквата уметничка нарација буквално е внимавано на секој детаљ – од изборот на материјалите, нивното меѓусебно комбинирање, до кројот што треба да ја истакне најпрепознатливата карактерна црта на секоја жена посебно.

Во капсулната линија застапени се креации со различна естетика која ќе одговори на потребите на секоја дама која има прецизно изградена перцепција за себе и за својот стил – свечени макси фустани со екстравагантни карнери, миди коктел фустани во асиметричен крој, смели креации изработени од префинета тантела...

Колекцијата е веќе достапна во продажба во ателјеата на Елена Лука во Скопје и Струмица.

 

 

Објавено:
25 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.491 пати