Француска комичарка „влета“ на пистата на Шанел, Џиџи се соочи со неа

1 октомври 2019

Во познатата Grand Palais во Париз, пред малку се одржа долгоочекуваното шоу на Шанел кое како и секогаш беше спектакуларно.

Овојпат, внатре во познатата палата беше создаден прекрасен француски покрив кој беше главната писта каде моделите ги прикажаа новите креации што Вирџини Вард ги направи после Карл Лагерфелд.

Во еден момент, од публиката на пистата “влета“ познатата комичарка и „Јутјуберка“ Мари Бенолиел која прошета со моделите за на крај да се соочи со Џиџи Хадид која ја затвори ревијата и ја испрати кон вратата без да повика обезбедување.

Обезбедувањето не стигна на време, иако подоцна објаснија дека не сакале да го прекинат шоуто, па познатата манекенка успешно се справи со оваа комичарка која очигледно сакаше да направи шега со објаснување дека сака да ја прикаже комичната реалност која е скриена во секојдневието.

Во однос на ревијата, дизајнерката прикажа парчиња препознатливи за брендот и докажа дека одлично ја врши работата што во наследство ѝ ја остави големиот Лагерфелд.

Костими од твид, бели стилски кошули во комбинација со раскошни црни здолништа, модни додатоци како шапки со впечатливи цветови, топли, шарени џемпери и фустани од пруги беа само дел од колекцијата што таа ја прикажа во Париз.

 Инфо и фото: Daily Mail, Vogue.com

Објавено:
1 октомври 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.379 пати