Golden Point: Нова секси, елегантна и модерна колекција

13 октомври 2014


Оваа есен брендовите за долна облека посветуваат особено внимание на креирање на парчиња што во исто време се и секси, елегантни и модерни, а токму во таква насока оди и италијанскиот бренд Golden Point. Заедно со Фешн Груп, тие за колекцијата есен/зима 2014 ја претставуваат преку винтиџ приказна која зрачи со женственост и привлечност.

 Така, имаме можност да видиме жена која открива свет на нежност и невиност, за потоа да се открие нејзината заводлива нишка, која нè води во една сосема поинаква мрачна и мистична димензија со примеси на бунтовност. На овој начин јасно се прикажани носечките трендови во колекцијата есен/зима 2014 на Goldenpoint. Во однос на боите присутни се нежните и неутрални нијанси, но исто така и есенските тонови како бордо и темно зелено. Секогаш актуелната црна боја е речиси незаменлива кога станува збор за долна облека, без разлика дали се работи за едноставен или дизајн декориран со многу тантела. Еден од сезонските трендови кој се пренесува  и кај долната облека е пепито дезенот и неговите варијации – сетовите долна облека со ваквото дезенирање имаат дополнителен ефект, кој ги прави задолжителни парчиња за оваа сезона.

Материјалите кои доминираат во колекцијата природни и удобни, а проѕирното и тантелата долеваат неизбежна доза на раскош и елеганција.

Фотосесијата е дело на Ани и Дими, додека пак во центарот на вниманието е Вера Хаган.  За шминка и фризура беа задолжени Маја Саздановска и Бојан Сејменовски.

Објавено:
13 октомври 2014
Категорија: 
Колекции