Конечно вчеравечер беше презентирана долгоочекуваната колекција долна облека на музичката дива Ријана која се чини никогаш не била поуспешна.

Сосема очекувано, на забавата во Бруклин таа се појави во секси црно фустанче со карнери, високи потпетици и многу накит.

„Ова го направивме само за вас дечки, ова е проект на кој работевме неколку години верувале или не. Работевме со нашите посветени партнери кои се грижат само за клиентите и за ништо друго, нешто во што сосема се согласуваме“, изјави пејачката на промоцијата на колекцијата.

Инаку, таа самата ги презентираше поголемиот дел од парчињата појавувајќи се како холограм, посекси од кога и да е.

Во нејзината колекција таа смести 90 парчиња долна облека, пижами и модни додатоци за кои интересот е огромен, со оглед на тоа што на нејзината онлајн страна за продажба се чека и по неколку часа.

„Жените треба да ја носат долната облека за себе. Се надевам дека ќе ги охрабрам и ќе им влеам самодоверба со оваа колекција. Играјте си со долната облека, не мора постојано да одбирате ист стил. Ризикувајте. Сакам жените да ги носат овие парчиња и да почувствуваат колку се всушност убави“, вели таа.

Дел од колекцијата се и plus size модели за што жените ширум светот особено се радуваат. Она што особено радува е што цените на парчињата се движат од 29 до 59 долари за градниците, од 14.50 до 29 за килоти и од 69 до 99 за корсети и останато.

Погледнете ги сите модели на нејзината онлајн страна и нарачајте си некое парче уште денес! 

Објавено:
11 мај 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.099 пати