Груви пролет/лето колекција на Dreadpen

8 мај 2019

Don't crush the groove, bust a move! Нова "Groovy" колекција на Dreadpen

Македонскиот бренд Dreadpen, веќе добро познат на јавноста со своите one-of-a-kind креации, и оваа сезона продолжува да ја придвижува македонската дизајнерска сцена со новата "Groovy" колекција.

На позната локација со добро проверен тим Dredpen ве очекува на своја кожа да го почувствувате грувот на уникатни, кул и доста нови и различни парчиња!

"И оваа сезона продолжувам да креирам за своја душа. На мое огромно задоволство моите колекции се широко прифатени и барани што ми докажува дека луѓето се гладни и жедни за нови парчиња и очекуваат што следно ќе направам. Тоа ме мотивира и да ги проширувам колекциите. Оваа сезона сакам убавите луѓе да бидат облечени од глава до пети во парчиња со мој потпис. Нема поголемо задоволство од тоа да видиш твое парче "супер легнато" на стилот на некоја рандом личност на улица."

Четврток, 9ти мај, кафе Излет. Бидете таму, бидејќи сите парчиња од колекцијата се во лимитиран број! First come, first served!

За грувот на грамофони ќе се погрижи Double G од Скопски Грув.
За фотосесијата како и секој пат се погрижи Елена Фиданска, со Марина Никушева и Анастазија Николовска како модели, и супер засилување од Андреј Мишев. Пријателите Buzz Sneakers секогаш се тука со надополнување од најдобрите модели на патики.

Feel the groove! Yo!

Објавено:
8 мај 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
147 пати