Гучи ги истражува 70-те и во пред-есенската линија

10 декември 2014

Како и во летната колекција за следната сезона, Гучи продолжува да ги истражува 70-те години и во својата нова пред-есенска линија за 2015.

Фузија од принтови, детали и форми постојано циркулира во таа неицрпно инспиративна декада на хипиците, осовремена во актуелните модни тенденции.

Меѓутоа, експериментот на Гучи воопшто не е оставен на случајност имајќи во предвид дека 60-те и 70-те години постојано се присутни во модната индустрија и одлично поминуваат кај пошироката публика.

Овој пат интересен е спојот на момчешкиот изглед со женствената провокативност направен преку спарување на парчиња од машкиот и женскиот гардеробер.

Панталоните варираат од тесни до глужд, до такви со поблага и поизразена ѕвонеста линија. Палтата и капутите се со нагласена половина и дворедно закопчување, а женствените фустани пак се обоени во широка палета на графички и апстрактни принтови.

 

Објавено:
10 декември 2014
Категорија: 
Колекции