Гучи има нова слатка колекција за деца

10 јули 2018

Еден од најпопуларните брендови на денешницата, Гучи, има нова колекција за деца и како што можете да замислите, истата е преслатка!

Покрај тоа што прави фантастични колекции за возрасни, креативниот директор на брендот Алесандро Мишел создава магија и за деца.

Деновиве брендот ја најави новата колекција насловена како „The Imagination Booth“ која од 16 – ти јули ќе биде и официјално пуштена во продажба на онлајн  платформата Net a Porter, а истата е наменета за деца до 12 години.

Дел од кампањата преку која брендот ја презентираше колекцијата се неколу слатки дечиња кои носат некои од најпознатите парчиња на Гучи, во мало издание.

Детската колекција од брендот долго време се очекуваше, со оглед на тоа што нивните клиенти постојано говореа дека е потребно нешто такво на пазарот.

Сосема очекувано, цените на парчињата се вртоглави, а се движат од 100 до 2000 фунти за некои од парчињата.

Извор и фото: Fashion.hr

Објавено:
10 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
94 пати