Гучи Ресорт '16: Нова игра помеѓу детското и возрасното

5 јуни 2015

11098003_985396301505456_1048904792632663359_n

Њујорк е градот што модната куќа Гучи го одбра за претставување на најновата Ресорт 2016 колекција. Зад неа повторно се потпишува новиот креативен директор Алесандро Микеле, а реакциите се најразлични – од оние што се воодушевуваат, до оние што сметаат дека Гучи ја губи препознатливоста.

Девојката вљубена во книгите, со беретка на глава, како симбол на револуција и очила беше присутна и доминантна и во оваа колекција, со што дизајнерот сака да остане доследен.

11

Освен овие модни додатоци, на пистата видовме и џемпери, долги здолништа, бохо фустани – винтиџ изглед пренесен во сегашноста. Транспарентната тантела беше присутна, како своевидна смелост наспроти „затворениот“ сексапил по кој е препознатлив Алесандро. Интензивните бои се најзастапени и се комбинираат на најразлични начини, со што се внесува динамика, која функционира паралелно со креациите каде лежерноста е доминантна.

22

Освен панделките и цветните мотиви, новитети во дизајнерска смисла нема. Тоа воедно беше причина и за дел од негативните коментари, кои сметаат дека Гучи овој пат не понуди ништо интересно. Многумина во овие Ресорт креации препознаа нишки од други модни брендови, меѓу кои и Валентино и Прада.

Она што наиде на позитивни коментари сепак, се чевлите, кои многу од жените широм светот веднаш ги посакаа, како и играта помеѓу детското и возрасното, која тој постојано ја вметнува во својот уметнички израз.

7

Во продолжение погледнете ја колекцијата, па кажете ни како вие го доживувате најновото од Гучи:

Објавено:
5 јуни 2015
Категорија: 
Колекции