H & M размислува за пролет

10 јануари 2017

Иако на овие минусни температури никој и не помислува на тоа што би се носело во пролет, сепак тимот на H&M гледа нанапред и веќе презентираше лукбук за претстојната сезона.

За следната пролет, тие остануваат доследни на лежерниот и кул изглед, па во фокус се ставени широките кошули, тексасните јакни, парчворк и искинатите фармерки...

За меѓусезоната, порачуваат да не ги пакуваме џемперите сосема, туку да ги комбинираме со бомбер или кожени јакни.

Уличниот бренд не заборава на модните додатоци, па покрај чевлите на потпетица, им се враќаат и на балетанките на ластик и тоа во златни нијанси.

Во продолжение погледнете дел од парчињата и комбинации на кои H&M типува за следната сезона:

Објавено:
10 јануари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.562 пати
Тагови: 
H&M пролет лукбук 2017