Според нивниот дизајнерски концепт, женските и машките парчиња облека од колекцијата се микс на бои и шарени дезени низ кои провејуваат мотиви од природата. Впечатлив е и индијанскиот мотив. „Тоа ми е инспирација што се провлекува низ сите наши колекции, тоа е она што постојано ми влијае во креирањето и секогаш го трансформирам на вистински начин,“ изјави Попева.

559053_240510646077828_1766939930_n

Со моделите во кои доминира играта со боите дизајнерките им се обраќаат на оние со авангарден стил, но во таргет групата влегуваат сите оние што ќе се пронајдат во колекцијата.

Катерина Миркут која работи под името Mikka Design ја презентираше пролетната колекција која е инспирирана од играта „Х и 0“. Носечки мотиви на колекцијата се кругови, линии и мрежи кои се изведени од рачно плетена врвка, нанесени на нежни ткаенини во облик на ефективна апликација

Објавено:
2 мај 2013
Категорија: 
Колекции