H&M и Жизел Бундшен ве водат на летен одмор од соништата

12 мај 2014

Шведскиот бренд H & M, заедно со најскапо платената манекенка Жизел Бундшен деновиве ја снимија рекламната кампања за летната колекција. Идејата на фотографот Лаклан Бејли и креативниот тим кој што ја снимаше оваа рекламна кампања беше да презентираат  летен одмор од соништата кој што отприлика изгледа вака: длабоко сино море, немирни бранови, бел ситен песок кој што крцка под нозе, грст сончеви зраци, продорно сино небо, дрвена колиба на плажа, тропски растенија и една преубава сирена.

Бундшен во кампањата промовира неколку модни комбинации почнувајќи од неверојатно секси костими за капење, низ колоритни макси и кратки  фустани, впечатлив накит, лежерни панталони и маички и комотни туники изработени главно од лесни материјали и впечатливи дезени.

Погледнете ја галеријата која што сигурно ќе ве остави без здив.

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Колекции